ЕУ: За 15 години собрани три милиони тони електричен отпад

Европската платформа за рециклажа на електричен и електронски отпад (ЕРП) објави дека во 13 држави членки на Европската Унија, од 2002 година досега, се собрани повеќе од три милиони тони електричен отпад.

Според нив, меѓу таа огромна количина отпад се и 39 милиони телевизори, 12 милиони фрижидери, 175 милиони машини за перење и повеќе од 67 милиони мали кујнски апарати.

До 2021 година таа цифра може да се искачи до 52 милиони тони.

Извор: МИА