Дванаесет претстави на шестиот „Битола Шекспир фестивал“

Претставата „Јулие Цезар“ во режија на Златко Паковиќ, а во изведба на Битолскиот народен театар ќе го отвори шестото издание на „Битола Шекспир фестивал“, на 23 -ти јуни.

За време на фестивалските денови, кои ќе траат до 30 јуни, ќе учествуваат 12 претстави од Хрватска, Романија, Казахстан, Полска, Црна Гора, Македонија.

На годинешното издание гостува хор од Полска кои ќе ги изведуваат сонетите на Шекспир, како и една детска претстава. Фестивалот ќе го затвори црногорскиот народен театар со претствата „Зимска бајка“ во режија на Дино Мустафиќ.

„Битола Шекспир фестивалот“ е дел од мрежата на Европската асоцијација на „Шекспир фестивали“, со што стана дел од државите кои го негуваат делото на Вилијам Шекспир.