Дубаи ќе добие роботи-полицајци до 2017 година

Роботи-полицајци наскоро ќе патролираат низ улиците на Дубаи, заедно со градските полициски сили. Најновите прототипи беа претставени на Саем за технологија во Дубаи, кој се одржува неделава.

Роботот може да се поздравува со рака, додека екранот на допир на неговото тело може да се искористи за да се пријави криминал и да се платат казни за сообраќајно непочитување, како и да скенира лица.

Полицијата на Дубаи, суперкомпјутерот на IBM, Ватсон, и Гугл, соработуваат за да додадат виртуелен помошен систем така што роботот ќе може да следи гласовни команди. Преку вештачка интелигеција, тие се надеваат дека ќе создадат роботи кои ќе можат да забележат луѓе на 10 или 20 метри оддалеченост, им се доближуваат и ги поздравуваат.

Тие очекуваат проектот првично да се реализира во туристичките области во 2017 година, а до 2020 година да бидат опфатени повеќе места.

Сличен прототип се појави минатогодишниот саем и негова цел беше да им помага на туристите на улица и во шопинг центрите во Дубаи.