Добротворен базар во ГТЦ за Меѓународниот ден за правата на децата

Традиционалниот меѓународен добротворен базар по повод Меѓународниот ден за заштита на правата на децата, (1 јуни), ќе се одржи во утре (2 јуни) во Градскиот трговски центар во Скопје.

Базарот се отвора во 11 часот, а дваесетина амбасади и меѓународни организации ќе промовираат и продаваат производи од нивните земји. Настанот е организиран од здружението „Добредојде“ – Macedonia Welcome Center – DMWC, под почесното претседателство на унгарскиот амбасадор Дукс Ласло Иштван.

Во рамки на настанот е најавена изведба од училишни деца, како и уметничка работилница „Дрво на среќа” под раководство на академскиот сликар Жанета Гелевска-Вељаноска. Собраните средства се за помош на  децата со оштетен слух и говор во училиштето ДУЦОР „Партенија Зогравски” од Скопје.