„Сината соба“, дипломска претстава по актерска игра на студентите во класата на проф. Златко Славенски утре (24 октомври) ќе биде одиграна во Драмскиот театар во Скопје.
Улогите во драмата, во десет интимни сцени, ги играат:
ДЕВОЈКАТА – Ирена Мирческа
ТАКСИСТОТ – Никола Кузелов
ПОМОШНИЧКАТА – Ангела Димитрова
СТУДЕНТОТ – Мирко Голомеов
СОПРУГАТА – Ангела Стојановска
ПОЛИТИЧАРОТ – Васко Костовски
МОДЕЛОТ – Бобан Кулески
ДРАМСКИОТ ПИСАТЕЛ – Мартин Манев
АКТЕРКАТА – Владанка Димковска
АРИСТОКРАТОТ – Христијан Поп-Симонов
Почетокот на претставата е најавен во 20:00 часот.