Деветто издание на интернационалниот фестивал за класична гитара „Тремоло“ во Скопје

Детскиот културен центар – Карпош и Град Скопје од утре (3 мај) до 6 мај 2018 година, го организираат интернационалниот фестивал за класична гитара „Тремоло“.

Овој интернационален фестивал, кој по деветти пат се одржува во Скопје, е натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови.

Оваа година членови на жирито се светски познатите гитаристи: Никола Монтела од Италија, Зоран Аниќ од Хрватска, Џевдет Сахатчија од Косово, Николај Михајлов од Бугарија, а претставници во комисијата од Македонија се: Дарко Багески, Борче Наумовски и Љубомир Наќески.

Ќе се одржат  три  концерти  во Музејот на Македонската борба-Скопје на 3 мај од 20 часот, МКЦ – Клуб &Ресторан на 4 мај од 21 часот и во „Културно информативниот центар“-КИЦ во Салон 19,19 на 5 мај од 20 часот.

На 6 мај ќе се одржи концерт  на победниците по категории на натпреварот во Концертната сала на ДКЦ „Карпош“ во 18,30 часот, каде што воедно ќе се доделуваат наградите и признанијата на учесниците.

Влезот  за сите концерти е бесплатен.