Деветгодишник бил најмладиот милионер во Македонија во 2022 година

Најмладиот македонски милионер во 2022 година имал 9 години со остварен доход од 1.015.740 денари, додека највозрасниот милионер имал 97 години со остварен доход од 1.277.139 денари.

Ова го покажува анализата на годишна даночна пријава – највисок доход во 2022 на Управата за јавни приходи (УЈП).

Приход од над 100 милиони денари лани оствариле 28 лица, додека 995 лица оствариле приход од 10 до 100 милиони денари. Во меѓувреме, 62.455 лица оствариле годишен приход од 1 до 10 милиони денари, додека најголемиот број, односно 617.854 лица оствариле приход од 100 до 1 милион денари. До 10.000 денари приход оствариле 34.870 лица, а од 10 до 100 илјади денари приход во 2022 година оствариле 73.559 лица.

Највисок годишен бруто доход од 446.045.571 денари пријавил скопјанец.

Највисоката годишна бруто плата во 2022 година исплатена е на граѓанин од Скопје, а платата е остварена во дејноста трговија на
големо со производи од тутун и изнесува 144 милиони денари.

По основ на добивки од игри на среќа на граѓанин од Кичево се исплатени 32.9 милиони денари, а второрангираниот кој е од Кочани остварил износ од 27.3 милиони денари. И двајцата добивката ја оствариле од игрите на среќа организирани од Државна лотарија.

Прворангираниот пензионер е од Скопје кој пријавил странска пензија која изнесувала 5.8 милиони денари на годишно ниво.

Минатата година биле поднесени 789.761 годишни даночни пријави. Според анализата, бил утврден приход од 413.848.537.742 денари во поднесените пријави, а во нив бил утврден персонален данок од 25.724.147.207 денари.