Делата од омраза пораснале многу после победата на Трамп

Во десетте дена после изборите за претседател на САД на 8 ноември, Southern Poverty Law центарот (SPLC) во Америка забележал 867 „инциденти од омраза“, преку медиумите или пријавени до нив директно. Меѓу овие напади не се смета малтретирањето на интернет.

Инцидентите биле пријавувани насекаде низ САД, во училишта, домови, канцеларии и во јавниот транспорт, меѓу останатите места.

Омразата е најчесто упатена кон имигрантите, црнците, муслиманите, Евреите, ЛГБТИ лицата и други малцински групи, а напаѓачите често го споменувале името на Доналд Трамп за време на нападите.

На денот после изборите, 9 ноември, имало најголем број на инциденти од омраза – вкупно 202, а тој број полека опаѓал потоа.

Иако нема конкретен доказ, од центарот сметаат дека анти-муслиманската реторика придонела за зголемување на насилството од омраза.