Деца изработија „ stop motion“ филмови, премиера денеска во кино Култура

Осумнаесет деца од Едукативниот центар на Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ во Шуто Оризари изработија кратки видеа користејќи „stop motion“ техника.

Тие претходно беа дел од двомесечна работилница каде учеа како да создадат приказна, а денеска нивниот труд ќе го претстават во кино Култура, со почеток во 13 часот.

Влезот за настанот е бесплатен.