Oстровот Тонга е поплавен од цунами, предизвикано од еруптирање на подземен вулкан, а поплавен е главниот град Нукуалофа, пренесува „Дојче Веле“
Брановите достигнале висина од 83 сантиметри во Нукуалофа, според американскиот Центар за предупредување од цунами во Тихиот океан. Засега нема информации за материјална штета или жртви.
Цунамито го поплави главниот град на Тонга по голема вулканска ерупција од подводен вулкан. Другите острови во Тихиот океан издадоа совети и ги предупредија жителите да се евакуираат на повисоки предели.
Тихоокеанскиот центар за предупредување за цунами соопшти дека брановите од цунами биле забележани преку мерачи на нивото на морето во Паго Паго, главниот град на американската територија на Американска Самоа, на околу 940 километри од Тонга.
Тамошните власти првично издадоа предупредување за цунами и ги предупредија жителите веднаш да се евакуираат на повисоките места.
Претходната ерупција во петокот предизвикала облаци од пепел и чад во воздухот, со облаци од чад високи 20 километри.
Вулканот имал наизменична активност до декември минатата година.
Stay safe everyone 🇹🇴 pic.twitter.com/OhrrxJmXAW
— Dr Faka’iloatonga Taumoefolau (@sakakimoana) January 15, 2022