Црвен крст продолжува со собирање и доставување помош во поплавените подрачја

Црвениот крст на Република Македонија денеска дистрибуираше хуманитарна помош во поплавените подрачја во Битола, Прилеп, Штип, Кочани, Струмица, а вчера попладне и во Кичевско и Гостиварско.

Преку мобилните телефони од Т-Мобиле, ОНЕ и ВИП до денеска се собрани вкупно 4.683.500 денари, а на сметката на Фондот на солидарност се собрани 741.987 денари.

Граѓаните може да донираат средства со повик на телефонските броеви 070 143 400, 075 143 400 и 077 143 400 по 100 денари за хуманитарните активности, како и во Фондот на солидарност на Црвениот крст.

Поројните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките во земјата во текот на изминатата седмица предизвикаа големи поплави на населени места и плодни површини во повеќе региони на Македонија.