ЦИВИЛ: Ревизија на неважечки ливчиња, целосно пребројување гласови и прегласување на 30 места

Врз основа на сите досегашните анализи, ЦИВИЛ упати барања до Државната изборна комисија (ДИК) и сите релавантни институции за повторно, целосно пребројување на гласовите од парламентарните избори на 11 декември.

ЦИВИЛ побара и ревизија на неважечките гласачки ливчиња, бидејќи, велат од таму, при пребројувањето од набљудувачите е утврдено дека се направени повеќе прекршоци, односно дел од ливчињата се важечки и е јасно изразена волјата на граѓаните.

„Бараме прегласување во гласачките места каде е забележано кршење на гласачкото право и изборните процедури. Досега утврдивме 30 места каде прекршен Изборниот законик и имало голем нерегуларности, па сметаме дека е најдобро таму да има прегласување, бидејќи може да направат и разлика во конечниот резултат. Исто така, ДИК да овозможи увид во пребројувањето на гласовите и ревизијата на неважечките ливчиња за домашните и странски набљудувачки мисии. ЦИВИЛ би сакал да има увид во овој процес. ДИК да биде потранспарентна во овој постизборен период“, рече Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

За оние членови на избирачки одбори каде ќе се утврди дека неетички и непрофесионално си ја извршиле работата, или имале конфликт на интереси, ЦИВИЛ побара да го изгубат правото повторно да бидат во одборот на наредниот изборен процес.

Делумен список на избирачките места за кои ЦИВИЛ вели дека е потребно прегласување

Избирачко место Опис Причина, нерегуларност
2447, 2441/1 С. Ласкарци, ОУ Ибе Паликуќа, о. Сарај  

 

Полнење кутии, семејно гласање, групно гласање

2752, 2753, 2754 ОУ Љубен Лапе, о. Аеродром
 
2815, 2818 Дом на АРМ Формиран штаб и прес центар на владејачката партија на самиот ден на гласањето
 
2665 ОУ Златан Сремац, о. К. Вода  

 

 

 

 

 

Гласање на фантоми и починати лица

2816 ОУ Димитар Миладинов, о. Центар
2173 ЈУГД Димче Мирчев, о. Велес
2526 ОУ НаумНаумовскиБорче, о. ГазиБаба
1964 О.У АС Кикиш, о. Тетово
2730 ОУ ДимитарМакедонски, нас. Лисиче, о. Аеродром
2556 СУ Кочо Рацин, о. Ѓ. Петров
               
997 ОУ ТолиЗордомис, о. Куманово

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Фотографирање на гласачкото ливче

(притисоци врз гласачи, тајност на гласањето, поткуп)

0281 Кино сала, о. Валандово
2933 ОУ Панајот Гиновски, о. Бутел
437 ОУ во с. Добри Дол, о. Врапчиште
0945/1 ЦОУ ЈоакимКрчовски, о. К. Паланка
2143 ОУ Васил Главинов, о. Велес
362 Библиотека, с. Миравци, о. Гевгелија
0037 ОУ Даме Груев, нас. Триаголник, о. Битола
2363 МЗ Зелениково, о. Зелениково
1192 Пензионерски дом, о. Крушево
281 Дом на култура, о. Прилеп
1352 ОУ Гоце Делчев, о. Прилеп
2806 Центар за рехабилитација, о. Центар
2873 ОУ Васил Главинов, о. Чаир

 

Категоризација на изборните нерегуларности на ЦИВИЛ

Категорија на нерегуларности Број на случаи
Закани, злоупотреби, притисоци и уцени 20
Насилство 4
Незаконско однесување на членови на Избирачкиот одбор 121
Опструкции на работата на набљудувачите 29
Кршење на изборниот молк и попречување на гласањето 41
Полиција – пречекорувања и злоупотреби 14
Поткуп на гласачи 8
Проблеми со Избирачкиот список 104
Промена на избирачкото место 8
Семејно и групно гласање 45
Други нерегуларности 143
Вкупно обработени случаи до 13/12/2016, 13 ч. 537