Четврта изложба на макети и диорами „Мајор Михајло Ивановски – Микс“.

На 3 март во Домот на АРМ ќе биде отворена четврата по ред изложба на макети и диорами на Макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски – Микс“.

Макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски – Микс“е клуб за макетарство основан во 2015 година со една цела – подигнување на техничката култура и промоција на макетарството како хоби. Со три успешно реализирани изложби зад нас, оваа година покрај традиционалната годишна изложба на која членовите на клубот, заедно со своите колеги од соседните земји, ги изложуваат своите дела ќе се одржи и макетарски натпревар – Скопје Куп 2017. Своето учество го најавија макетарите од:

  • Р. Србија (макетарски клуб „Олуј“ од Белград, макетарски клуб „Наредник Михајло Петровиќ“ од Ниш, макетарски клуб „д-р Владимир Алексиќ“ од Панчево, макетарски клуб „ИПМС Србија“ од Нови Сад, макетарски клуб „Спинер“ од Краљево, макетарски клуб „Чачак“ од Чачак и неколку поединци кои не се членови на клуб);
  • Р. Бугарија (макетарски клуб „Стендов Моделизам – Бугарија“ од Софија);
  • Р. Грција (макетарски клуб „Пегаз“ од Солун)
  • Р. Романија и
  • Р. Хрватска.

Изложбата и натпреварот ќе се одржат во домот на АРМ. Отворањето е на 3 март, изложбата на 4, од 10 до 20 часот, а Скопје Куп ќе се одржи на 5 март, од 9-16 часот.