Четири лица во притвор и еден куќен притвор за инцидентите во собранието, одлучи судот

Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 – Скопје на четири лица кои учествуваа во инцидентите во Собранието им определи мерка притвор, на едно лице мерка куќен притвор и на две лица мерки за претпазливост, соопштија од Судот.

Одлуките се однесуваат на кривичното дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ – член 384 став 1 од Кривичниот законик, за што е предвидена казна од една до пет години затвор. Со оглед што се работи за скратена постапка, по новиот Закон, притворот може да трае најмногу до осум дена.

Претходно Основното јавно обвинителство информираше дека отвора постапки против 15 лица инволвирани за нередите во Собранието на Македонија, за 14 од нив бараше од судот мерка притвор, а за едно лице беше предложено определување мерки на претпазливост.