Целосна забрана на движење викендов во Куманово

Владата на Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 46 нови случаи на коронавирус од кои половината односно 23 во Куманово. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 изнесува 430 лица.