Бунт во затвор во Канзас

Припадниците на повеќе американски безбедносни агенции и пожарникари се вклучени во задушување на бунтот и во гаснење на пожарот што затвореници го предизвикаа во затворот во местото Нортон во Канзас, пренесува Мета.

Локалните власти објавија дека „големиот бунт“ почнал околу 23 часот по локално време, дека горат зградите и дека затворениците успеале да дојдат до оружје.

Портпаролот на затворската служба на Канзас, Самир Ариф, потврди дека се испратени полицајци и пожарникари во затворот во кој се наоѓаат 835 затвореници.

Тој додаде дека не може да каже ништо во врска со случувањата во затворот, но дека засега нема повредени.