Второто издание на трката Born2Run ќе се одржи денеска во Куманово, на празникот 11 Октомври, од 14:30 до 16:30 часот. Трката има цел да ги собере младите и заедно да се премостат етнички препреки преку спортски настани.
Трката ќе биде поделена во два дела, трка од 10 км. и трка од 3 км. Учеството е бесплатно за сите заинтересирани и регистрирани учесници.
Зборно место е Градскиот плоштад „Нова Југославија”, а за време на трката ќе бидат блокирани улиците „11-ти Октомври“, „III-та Македонска Ударна Бригада“, „Октомвриска револуција“, „Ленинова“, „Народна револуција“ и „Гоце Делчев“.
Организатори на настанот се Проект 2020 Компанија за интерес на заедницата, Центар за интеркултурен дијалог и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, заедно со Општина Куманово.