„Booster week“ на Бизнис Акцелераторот УКИМ

Бизнис Акцелераторот УКИМ за прв пат во Македонија организира “Booster week – Developing Entrepreneurship Together”. Се работи за програма за размена на знаења и искуства за македонски стартапи и студентски тимови од Швајцарија, која ќе се спроведе на техничкиот кампус на УКИМ од 6 до 11 мај.

Во организирање на програмата се вклучени Универзитетот за применети науки и уметности Луцерн и Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ (УКИМ) и ЦЕЕД ХАБ Скопје како коорганизатори.

Целта на програмата е размена на знаење и искуство помеѓу македонските стартапи и студентски тимови од Швајцарија.

Програмата е наменета за стартапи од Македонија кои веќе имаат развиено бизнис идеја и се дел од пред-акцелераторската или акцелераторската програма на Акцелераторот УКИМ. Улогата на студентските тимови од Швајцарија е да им го стават на располагање сопственото знаење и вештини со цел да се забрзаат развојот на бизнис идеите на македонските стартапи.

Со учество во оваа програма учесници на програмите на Акцелераторот УКИМ ќе добијат:

  • Поддршка од страна на швајцарските тимови, составени од студенти на последипломски студии и професори во текот на еднонеделна посета на Македонија. Овозможена онлајн комуникација и соработка пред и после студискиот престој
  • Изготовка на реален акционен план за развој на стартапот на следно ниво
  • Зголемување на потенцијалот за деловна соработка во Швајцарија
  • Подготовка на крајна презентација и пичинг
  • Овозможување на интеркултурна размена и запознавање на швајцарските студенти со македонскита култура

Акцелераторот УКИМ планира да обезбедува разновидни решенија за потребите на македонските стартапи особено во делот до пристап до глобалниот пазар.

Со оваа соработка, Акцелераторот УКИМ овозможи пристап до на 70 експерти/специјалисти од Швајцарија, кои ќе обезбедат менторска подршка на корисниците на нивните услуги. Менторската поддршка има за цел да го унапреди бизнис моделот или технолошкото решение на стартапите поддржани од Акцелераторот УКИМ, за да им се овозможи побрз пристап на нивните производи и услуги на глобалниот пазар.