Битолскиот универзитет објави повик за приклучување кон УКЛО Мрежата

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) – Битола објави повик до сите заинтересирани организации и поединци да се приклучат кон УКЛО Мрежата, која претставува платформа за соработка помеѓу Универзитетот и истакнати организации или поединци кои се активни во заедницата, науката, истражувањата и слично.

Според повикот членовите на УКЛО Мрежата ќе имаат можност да подготвуваат и аплицираат за проекти во партнерство со УКЛО, да објавуваат научни и стручни трудови во соработка со УКЛО, како и да добијат пристап до дел од дигиталните ресурси и платформи на Универзитетот.

Повикот е достапен на следниов ЛИНК, а заинтересираните за членство во УКЛО Мрежата треба да се пријават на следниов ФОРМУЛАР.

Од УКЛО велат дека повикот е постојано отворен, а на крајот од секој месец ректорскиот колегиум ќе ги разгледува пријавите и ќе ги поканува избраните организации и поединци да потпишат меморандум за соработка.