Бесплатна апликација за учење од Brainster

Учеснците на Академијата за програмирање и Академијата за маркетинг на Brainster создадоа апликација која нуди 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

„Причината поради која го креиравме овој продукт е динамичното темпо кое е неизбежен дел од нашето секојдневие. Преплавени сме со голем број на информации кои не сме сигурни дали сакаме да ги апсорбираме. На овој начин, им овозможуваме на ентузијастите за учење да ги филтрираат информациите кои ги примаат и да преземат поголема контрола врз своето знаење. Вака, можат на брз и ефикасен начин да стекнат нови знаења и да бидат во тек со Tech новостите“, велат од Brainster.

Сега секој може да ја истражи својата омилена категорија преку 5 минутни лекции кои ќе стигнат директно на e-mail. Прво се бира темата за изучување, и со брза регистрација се добиваат 60 бесплатни лекции.

Платформата е изработена како дел од практичната едукација што ја нуди Brainster.

Идејата е како што велат, учесниците да стекнат практични вештини со кои ќе стигнат до кариера од соништата.

Brainster е иновативна компанија за едукација и кариерна трансформација која преку курсеви и Академии им овозможува на сите да дојдат до успешна кариера. Секој може да ги научи најбараните вештини за програмирање, маркетинг, дизајн и бизнис, со работа на реални проекти како Brainster лекции. Учесниците, по завршувањето на Brainster Академиите се поврзуваат со компании кои имаат потреба од таленти. Така ќе ги искористат вештините стекнати преку работа на реални продукти, за лансирање на нивната кариера од соништата.