Бендот Minstrel’s Gallery ќе го промовира првиот албум вечерва во МКЦ

Прогресивниот арт рок бенд Minstrel’s Gallery вечерва ќе го промовира својот прв албум насловен „Ignorance Leads to Ruin”, во просториите на Младинскиот културен центар. Промоцијата ќе започне во 19 часот, а покрај концертот, во фоајето ќе бидат изложени сите нивни текстови, слики, цртежи и графички прилози кои се инспирирани од музиката, или музиката од нив.

Minstrel’s Gallery е составен од Виктор Танасковски на гитара, мандола, вокал, Слободан Танасковски на флејта, tin whistle, клавијатура и вокал, Даме Јовановски, кој свири на бас и е еден од вокалите и Кристијан Тодоров на тапани и перкусии.

Влезот за концертната промоција е бесплатен, а албумот ќе се продава по цена од 150 денари. Изложбата ќе биде отворена од 19 часот, а концертот ќе почне еден час подоцна, во 20 часот.