Бендот „Харакири“ го објави своeтo прво ЕП издание

Триото „Харакири“ го објави своето прво ЕП издание, со исто име – „Харакири“.

Изданието содржи четири песни – „Спротивниот крај“, „Јазикот сив“, „Иста доза“, и „Нема да се повтори.“

Бендот е формиран во 2022 година како трио од Скопје кое свири алтернативен рок. Членови се Андреј Димовски – гитара и вокал, Марко Печеновиќ – бас и вокал, и Виктор Стојановски – тапани.

ЕП изданието е снимено во „Алшар студио“, а миксот и мастерот се на Раде Биковски. Бендот го најави ЕП-то со видеото за „Спротивниот крај“.

Пред осум дека го објавија видео спотот за „Јазикот сив“.