Постпанк бендот „Палиндром“ на „Здраво млади“ 12

Постпанк нојз стонер-рок составот „Палиндром“ –  комбинацијата на две бас гитари и тапани е уште еден бенд што ќе настапи на 12. издание на „Здраво млади“ што ќе се одржи во септември во паркот МКЦ.

„’Палиндром’ се дел од локалната музичка сцена од 2013 година. Ние ги знаеме како еден од бендовите на наш Ерик, тие се всушност навистина сериозен кој реално оддувува“, се вели во најавата на МКЦ.

Бендот зад себе има неколку успешни изданија, „Coalesce“ (2014), „Desert Y“  (2017) и „Аbsorb, сите три носат енигматични називи исто како и музичката подлошка на самиот бендовски состав.

„Палиндром се нашата домашна одбрана, а до 3 септември, се чекаме тука“, велат од МКЦ.

На годинешното фестивалско мени се и „Deerhoof“ (САД), „Holy Fuck“ (КАН), „Tamada“ (ГРУ) „21 vek“ (MКД) „Sitzpinker“ (СРБ), „Porto Morto“ (ХРВ), „Tootard“ (Сирија), и „Rush to relax“ (MKD) бендот што ќе го отоври фестивалот на нова музика.