Австријците на децата им прават тест за Ковид-19 кој е во форма на лижалче

Во некои од австриските градинки, на децата им се прави тест за Ковид-19 кој е во облик на лижалче, како алтернатива на класичниот тест, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Иако најмладите се поштедени од некои од рестриктивните мерки, се стравува дека повторното отворање на улилиштата и градинките, со појавувањето на заразната, британска варијанта на вирусот што е доминантна во некои европски земји, може да го забрза ширењето на коронавирусот кај младите и децата.

Ова може да придонесе за повторно зголемување на бројот на заразени лица и да го загрози успехот на досегашната кампања за вакцинација.

Со цел да се „следи инфекцијата“ и да се обезбеди „разумна алтернатива за тестирање“, австриската провинција Бургенланд веќе нарачала 35 илјади тестови во облик на лижалчиња.

Покраината нарачала вакви тестови по успешниот пилот проект во градинките, а родителите беа писмено известени дека секое дете ќе добие три бесплатни тестови недеелно.

Тестовите ги измисли Мануела Фодингер, шеф на лабораторијата во виенската болница Кајзер Франц Јозеф.