[Фото] Мобилен пункт за вакцинација – луѓето во Прага може да се вакцинираат во автобус

За три недели од своето работење, речиси петстотини луѓе ги искористиле услугите на мобилниот центар за вакцинација. Во автобусот се вакцинираа луѓе на многу различни места во метрополата без претходна резервација. Сега се најавува дека автобусот ќе застанува на уште неколку автобуски постојки низ Прага, пренесува „Prague Morning“.

Станиците на автобусот за вакцинација се наоѓаат на популарни места или места за културни настани низ градот.

Само во првиот викенд, 180 луѓе примиле вакцина на станицата кај зоолошката градина во Прага, а неколку дена подоцна, 107 лица беа вакцинирани пред трговскиот центар „Еден“.

Во автобусот се користат вакцините „Комирнати“ на компаниите Фајзер и Бајонтек, како и вакцина на компанијата Џонсон и Џонсон.

За втората доза на вакцината „Комирнати“, постои можност лицата да отидат до автобусот за вакцинација на моменталната локација. Тие нема потреба однапред да прават регистрација преку Централниот систем за резервации, и само треба да отидат  на постојката во било кое време додека пунктот е отворен.