Асаф Адеми ја презеде функцијата министер за култура

Асаф Адеми е новиот министер за култура од редовите на партијата БЕСА. Тој денеска ја презеде функцијата од својот претходник, Роберт Алаѓозовски и вети дека ќе ги продолжи реформите на својот претходник, како донесувањето на новиот закон за култура, новиот колективен договор за вработените во културата, како и заложбите на Македонија на патот кон евроинтеграциите.

Асаф Адеми е роден во Гостивар во 1980 година завршил Градежен факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ каде ја завршува и својата магистратура. Од 2003 година работи во Општина Гостивар, а од 2007 до 2009 година е шеф на секторот за урбанизам и животна средина во Гостивар. Минатите локални избори беше и кандидат од партијата БЕСА за градоначалник на Гостивар.

Адеми е поранешен амбасадор во Данска, а пред да седне на министреското столче беше  директор на данската компанија INSCALE Global во Скопје.

Роберт Алаѓозовски пак остане на висока позиција во Владата како Национален координатор за култура, културен развој и интерресорска соработка во културата.