Активисти ќе поделат 4200 џоинти на инаугурацијата на Трамп

Коалицијата за канабис на Градот Вашингтон, група која лобира за легализација на марихуаната во главниот град на САД, ќе дели бесплатна марихуана како форма на протест.

Групата вели дека ќе почне да ги дистрибуира 4200-те џоинти во осум часот наутро, на западната страна на кругот Дупонт.

Ќе ги запалат џоинтите кога ќе поминат четири минути и дваесет секунди од говорот на Трамп, поради симболиката на бројот 420 (420 е шифрата на Американската агенција за сузбивање на дроги за канабисот, а на 20 април, 04.20, се слави како интернационален ден на марихуаната).

Адам Ејдингер, основачот на DCMJ, група на жители и активисти од Вашингтон, вели:

„Главната порака е дека е време да се легализира канабисот на федерално ниво“.

Вели и дека протестот е делумно организиран во опозиција на изборот на Доналд Трамп за раководител на Департманот за правда.

„Зборуваме за човек кој во април изјави дека ќе воведе закон против марихуаната во сите држави. Вели дека марихуаната е опасна“.

Во Вашингтон е легално да се поседуваат до 56 грама марихуана, но не е дозволено да се продава. Поради тоа, „тревата“ на протестот ќе се подарува.

Протестот не е директно наменет против новиот претседател Доналд Трамп, и не се очекува да ја попречи инаугурацијата.