Актерите од прилепскиот театар порачаа: Ќе се паметат вашите хирови и лични интереси

После објавувањето на наградите на 52- то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, на сцена излегоа актерите на Прилепскиот театарски ансамбл кои незадоволни од одлуката на жирито за доделените награди, поклонувајќи и се на публиката истакнаа:

„Овој фестивал е поголем од сите нас.

Во историјата ќе останат сите ваши одлуки, но исто така кај публиката и целата театарска фела ќе останат во меморијата сите ваши хирови и лични интереси.

Оваа публика заслужува многу повеќе.

Со надеж дека нештата во Македонскиот театар ќе тргнат на подобро, се поклонуваме на нашата публика која останува единствен наш меродавен оценувач“,  порачаа актерите.

Најмногу награди на „Војдан Чернодрински“ собра директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ, која минатата година на Фејсбук повика полицијата да пука со гумени куршуми врз демонстрантите на Шарената револуција.