„8 Септември“ бара волонтери-набљудувачи за референдумот за ГТЦ

Граѓанската иницијатива „8 Септември“ ќе го набљудува процесот на гласање на референдумот за зачувување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје, кој ќе се одржи на 26 април.

За таа цел, „8 Септември“ ги повикува сите граѓани кои се заинтересирани волонтерски да се вклучат во процесот на набљудување на референдумот во Општина Центар, да се пријават најдоцна до утре.

„Заинтересираните треба да достават куса биографија и број на лична карта (заради акредитација) на електронската адреса: osmiseptemvri.nvo@gmail.com или, пак, лично да ги достават документите, во седиштето на здружението, на улица „Раде Кончар“ бр. 2, во Дебар Маало, во Скопје, најдоцна до 12:00 часот. Бројот на набљудувачи е ограничен, соопштуваат од граѓанската иницијатива.