„50 нијанси воздух“ – избрани најдобрите фотографии кои го отсликуваат аерозагадувањето во С. Македонија

„Намалена видливост“ на Фросина Насковиќ, „Овој град е светло сив“ на Ангела Петровска и „Бесконечно на Атанас Бајлозов се победниците на фото-натпреварот организиран од Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест’ и Амбасадата на Кралството на Шведска.

На натпреварот пристигнале вкупно 115 фотографии и сите на одреден начин го отсликуваат проблемот со загадувањето на воздухот во земјата.

Од нив, дел ќе бидат изложени во новите автобуси на ЈСП Скопје. Во продолжение, погледнете ги избраните што ќе бидат изложени:

Во периодот помеѓу 23 септември и 15 октомври 2020 година Центарот за истражување и информирање за животна средина…

Posted by Eko-svest on Tuesday, November 3, 2020