355 новозаразени и 15 починати лица од КОВИД-19 во последното деноноќие

Од Министерството за здравство попладнево информираа дека во последните 24 часа се регистрирани 355 нови случаи на КОВИД-19 и тоа Скопје – 152, Битола – 38, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Куманово и Охрид – по 17, Велес – 14,

Во Радовиш се регистрирани 9, Делчево – 6, Штип и Ресен – по 5, Тетово, Струмица, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 4, Неготино, Виница, Пробиштип и Валандово – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2, Кичево, Свети Николе, Кратово, Богданци, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Од надлежното министерство соопштуваат дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица. 3 починати лица од Скопје (72г, 84г и 84г), 2 починати лица од Охрид (51г и 55г) и по едно починато лице од Крива Паланка (79г), Македонска Каменица (56г), Битола (65г) и Куманово (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 31.08.2021 до 01.12.2021.

Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Кочани (1), Македонски Брод (1), Свети Николе (1), Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 54 до 88 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

Регистрирани сe 2.308 оздравени пациенти. Во последните 24 часа регистрирани се 329, додека останатите 1.980 оздравени се административно затворени случаи од периодот 16.09 – 31.10.2021.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.025, бројот на оздравени пациенти е 203.325, на починати е 7.631, а бројот на активни случаи aктивни случаи e 6.069“, велат од МЗ.

Во последните 24 часа се направени се 3.042 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 1.481.925 тестирања од КОВИД-19.

*Во претходната објава Министерството информираше дека во последното деноноќие имало 342 новозаразени и 7 починати лица од КОВИД-19, по што пристигна нова дневна статистика.