123456 била најчесто користената лозинка во 2020 година

123456 e најчесто користената лозинка во 2020 година, искористена повеќе од 23 милиони пати, открива годишниот извештај на менаџерот за лозинки „NordPass“.

Лозинката која користеле милиони луѓе, според овој извештај за да биде пробиена треба да помине помалку од една секунда. Извештајот открива кои се 200 најлоши лозинки во годината, детали колку пати биле откриени, колумина ги користеле и колку време е потребно да се пробијат. 123456789 се најде на второ место, додека „ picture1“ го зазема третото место.

Повеќе од половина од лозинките биле повторени од неколку десетици до неколку милиони пати. Од друга страна, само 44% од лозинките биле уникатни, односно не биле повторени никаде.

Повеќето лозинки од Топ 10 листата биле исто така многу лесни за откривање со обична претпоставка, а само “picture1” била нешто потешка за пробивање и морала да биде откриена со т.н. “brute force” метод.

Во 2015 година, извештајот на софтверска фирма откри дека 123456 е на врвот на листата на најлоши лозинки таа година. Пет години подоцна, нештата не се променија премногу, откри извештајот на NordPass.

Од Nordpass ги советуваат сите корисници на интернет да не користат шаблони или копчиња кои се наоѓаат близу едни до други на тастатурата.