СтипендииЕкспо – Студирај во странство 2016

Седмото издание на саемот за стипендии „Scholarships EXPO – Study Abroad 2016“, ќе се одржи на 22 октомври, сабота, во хотелот Континентал во Скопје, со почеток во 09:00 часот.

Како и секоја година така и оваа организатор на настанот ќе биде ЕАЦ (Educational Advising Centre) Скопје.

Спонзори на настанот годинава ќе бидат универзитетите:

Универзитет Католика, Италија

ААС Колеџ, Грција

ЕАЕ Бизнис Школа, Шпанија

Универзитет Св. Мери, Канада

Американски Колеџ во Солун, Грција

Универзитет Далхауси, Канада

Швајцарска Образовна Група, Швајцарија

ЕдуКо Глобал, САД и Канада

Влезниците за Scholarships EXPO – Study Abroad 2016 се бесплатни и ќе бидат обезбедени откако ќе го пополните формуларот за регистрација.

*Регистрацијата за настанот е задолжителна. За да се избегне чекање во ред на влезот, регистрирајте се на tickets и добијте ја бесплатната влезница за посетители.