Септемвриска сесија на TEDx за употребата на модерната технологија во образовните процеси

Во среда (25 октомври), со почеток од 19 часот во просториите на Social Innovation Hub во организација на СкопјеЛаб ќе се оддржи 19-тиот по ред TEDxSeptemvriskaSesijaSalon на тема „Образование: Превртена училница“ („Education: Flipped Classroom”).

Темата ќе истражува и поттикне дискусија за начините на кои може да се вметне модерна технологија (игри, видеа, алатки) во образовните процеси, ќе се дискутира за добрите практики од странство и Македонија на оваа тема, меѓутоа ќе се споменат и идеите на Khan Academy и NESTA за Flipped Teaching & Learning.

Настанот е од неформален карактер и стимулира дискусија помеѓу учесниците.

TEDx настани во Македонија – место за споделување на визионерските идеи и глобални трендови

На настанот во присуство на почесен гостин ќе биде и господинот Бенџамин Перкс, претставник за УНИЦЕФ во Македонија, а присуство се очекува и од Луиза Винтон, претставничката за УНДП во Македонија како и претставници од Министерство за образование, Град Скопје и други образовни институции.

Апликационата форма може да ја најдете овде; крајниот рок за аплицирање е 22.10.2017, 12:00, пладне. Работниот јазик на настанот е англиски.

Повеќе детали за настанот може да прочитате на официјалниот Facebook настан.