МВР: Повредениот велосипедист е пуштен дома, работиме на расчистување на случајот

По реакцијата на иницијативата НаТочак, Министерството за внатрешни работи потврдува дека на семафорот пред ЕУ инфо центарот се случи сообраќајна несреќа меѓу полициско возило „Шкода Јети“ управувано полициски службеник и велосипедист.

„При незгодата велосипедистот В.Р. се здобил со телесни повреди, пренесен е во ГОБ ‘Свети Наум Охридски’, и по укажаната прва помош пуштен е на домашно лекување. СВР Скопје, заедно со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди работи на целосно расчистување на случајот“, соопштува МВР.

Претходно, велат од таму, на местото на сообраќајката бил извршен увид, а известен е и Јавен Обвинител при ОЈО Скопје.