[Фото] Laibach пристигна во Пјонгјанг, почнува историското гостување во Северна Кореја

Словенечката авангардна група Laibach пристигна во Пјонгјанг, Северна Кореја, каде ќе настапи како прв бенд од Западот кој гостува во комунистичката земја во нејзината историја. Првиот од двата концерта со кои Laibach ќе ја збогати државната прослава на 70-годишнината на ослободувањето на Корејскиот полуостров од колонијалните стеги на Јапонија, ќе се одржи вечерва, во Музичкиот конзерваториум „Ким Вон-гјок“, пред 2.000 гледачи. Турнејата ја организира норвешкиот уметник и режисер Morten Traavik, чии дела често се инспирирани од севернокорејската комунистичка естетика.

Laibach пристигна во Пјонгјанг, почнува историското гостување во Северна Кореја

 

lbch-2