Концерт на Љубојна вечерва на плоштадот во Охрид

Вечерва на Градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи концерт на еден од најоригиналните домашни музички состави – Љубојна. Концертот е дел од низата настани „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“ кои почнаа пред новогодишните празници, а ќе завршат за верскиот празник Водици.

„Македонска традиционална музика, ноти извадени длабоко од срцето кои раскажуваат за некогаш и денес, за неповторливо оригиналниот, вистински и отсекогаш модерен звук. На едно место музика за душа во најубавиот град. Дојдете вечерва на Градскиот плоштад во Охрид. Концертот започнува во 21:00 часот“, порачуваат организаторите.

Како што соопштија од Град Охрид, новиот концепт на прослава на Нова година и сите празници во овој период се покажа како полн погодок за организаторите, а на задоволство на бројните гости од земјата и странство кои уживаат во убавините на градот и
богатата програма. Хотелиерите и останатите угостителски работници понудија и прифатливи цени, што резултираше со одлична исполнетост на градот оваа зима.