[Галерија] Најдобри „селфи“ фотографии од вселената

Феноменот со „селфи“ фотографиите на астронаутите им бил познат уште во 1966 година. Таков е примерот на астронаутот Buzz Aldrin во ноември 1966 кога ја посетил вселента со „Gemini 12“.

Покрај Aldrin, можноста да направат „селфи“ во вселената имале уште неколку астронаути како што е и Stephen K. Robinson во 2005 година. Во продолжение се неколку впечатливи „селфи“ фотографии.

 Веќе во 2014 година, роверот Curiosity Mars на NASA, ја искористи камерата за да направи десетици фотографии кои комбинирани го даваат ова „селфи“.

Астронаутот Aki Hoshide си прави „селфи“ во септември 2012 година.

Alexander Gerst за време на вселенската посета на седми октомври 2014 година.

„Opportunity Rover“ на Марс прави „селфи“ откако неговите соларни панели се исчистиле од прашина во март 2014 година.

Глобалното мозаично „селфи“ од три гигапиксели е направено со 36 422 посебни „селфи“ фотографии кои биле објавени на социјалните мреживо периодот кога се одбележувал Денот на планетата Земја, 22 април 2014 година.

Ова „селфи“ е направено од две различни фотографии и го прикажува леталото Розета како одминува комета на 7 октомври 2014 година.

За време на Експедиција 35, астронаутот Tom Marshburn прави „селфи“ во мај 2013 година.

Астронаутот на Gemini 10, Mike Collins прави „селфи“ во јули 1966 година.

Извор: TIME