[Галерија] INmusic фестивал 11 – три дена на Островот на младоста

Единаесеттото издание на INmusic фестивалот во Јарун, Загреб, беше најпосетувано досега – 85000 љубители на добрата музика уживаа во најголемиот фестивал на отворено во Хрватска.

За време на трите фестивалски дена, на неколку сцени поминаа голем број изведувачи, меѓу кои и Florence and the Machine, PJ Harvey, епскиот рокенрол филмски проект Gutterdammerung, „златниот глас на Гана“, Pat Thomas со својот Kwashibu Area бенд, британските поп-рокери The Kooks, арт-рокерите Django Django, Wilco, Jake Bugg и многу други. Сепак, големо разочарување за посетителите на фестивалот беше откажувањето на концертот на Skunk Anansie, само неколку минути пред очекуваниот почеток.

Новост на фестивалот годинава беше Тесла кулата, во која се пушташе музика и беа проектирани видеа од Дејвид Боуви. Кулата стоеше во чест на двајца големи умови и великани во својата област, кои оставиле огромен белег на човештвото. Тесла кулата ќе остане на Јарун и после завршувањето на фестивалот, поради неговите културни и туристички потенцијали (како едукативни и туристички излети), пишува на официјалната веб страница на фестивалот.

Фото: Стефанија Тенекеџиева