[Галeрија] Барокни „тоалети“ за домашни миленици низ Скопје

Барокни столбови како тоалети за домашните миленици денеска беа поставени на неколку локации  низ центарот на Скопје. Станува збор за нова урбана, герила акција на активистите со која го искажуваат својот револт од новите законски одредби кои предвидуваат парични казни и во случаите кога миленикот уринира на трева.

„Земајќи ја во предвид новата законска регулатива според која за уринирање на домашни миленици е предвидена казна од 50 евра, поставените специјализирани тоалети-столпчиња за домашни миленичиња, мораа да бидат во барок стил за да граѓаните се спасат од непотребни и неочекувани трошоци“, велат креаторите на акцијата.