Фото конкурс: Што јас можам да направам за ублажување на климатските промени?

Сојузот на извидници на Македонија, Милиеуконтакт Македонија и Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации започнаа акција со цел едукација, превземање повеќе акции и подигање на свеста за намалувањето на последиците од климатските промени и зачувувањето на природата.

Акцијата се состои од награден конкурс за најдобра фотографија на тема „Како до ублажување на ефектите од климатските промени“. Заедно со фоторафијата, учесниците треба да напишат и краток текст (1-2 реченици) или рима (1-2 строфи) поврзани со темата.

Услови за учество на конкурсот:

– Темата на овој конкурс е „Како до ублажување на ефектите од климатските промени“. Инспирација можете да се црпи од секојдневните проблеми со кои се соочува планетата Земја.
– Право на учество имаат сите граѓани на Р.Македонија без разлика на: возраст, пол, националност и верска припадност
– Со секоја испратена фотографија потребно е да се испратат информации за авторот (Име, Презиме, Возраст, Контакт информации)
– Секој учесник може да испрати максимум две фотографии.
– Фотографијата не смее претходно да биде наградувана или објавувана.
– Организаторот го задржува правато да ги објавува фотографиите во своите јавни публикации и изданија.
– Фотографиите кои не ги исполнуваат горенаведените услови нема да бидат дел од конкурсот
– Фотографиите кои ќе добијат гласови преку апликации (пр. Like-генератори на FB) ќе бидат дисквалификувани.

Рок на пријавување:

– Фотографиите ги праќате до 5-ти октомври на е-маил адресата на СИМ: sim@scout.org.mk
– По завршувањето на рокот сите фотографии ќе бидат објавени на ФБ каде ќе се гласа за победникот со број на Like-ови.

Конкурсот ќе биде затворен со изложба на фотографиите и прогласување на победникот, настан кој ќе се одржи на 15-ти октомври оваа година. Изложбата ќе биде дел од Државниот Извиднички Ориентационен Натпревар каде ќе бидат изложени најдобрите фотографии. Потоа, ќе биде организирана и иницијативна акција на Школка во Градскиот Парк во Скопје.