Егзекутиран севернокорејскиот вицепремиер одговорен за образование

Егзекутиран е севернокорејскиот вицепремиер Ким Jонг Џин, одговорен за образованието, информираат светските медиуми, цитирајќи го јужнокорејското Министерство за национално обединување.

За него, севернокорејските власти сметале дека работи против партијата и дека е дел од револуционерна група, а се верува дека неговото погубување се случило откако покажал непочитување, односно заспал за време на состанок со кој претседавал Ким Јонг Ун.
„Ким Јонг Џин е осуден затоа што заземал лоша поза додека седел пред говорницата на седница на севернокорејскиот парламент, поради што е покрената истрага, во која се откриени и други кривични дела“, потврди портпаролот на Министерството за унификација на Јужна Кореја Јунг Јоо Хи.
Вицепремиерот бил уапсен на лице место и бил приведен на интензивно испитување во Министерството за државна безбедност, се вели во соопштението. Покрај ова, двајца високи државни функционери добиле укори.