„Звукот на идната генерација“ вечерва во Македонската филхармонија

„Звукот на идната генерација“ е насловен вечерашниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, на кој солисти ќе бидат талентирани студенти од државните факултети за музика во Македонија.

На програмата се дела од Росини, Шостакович, Форсајт, Равел, Росауро, Росе, Данци, Штраус, Кусевицки, Мијо. Диригент на концертот е Сашо Татарчевски. Студентите по пат на аудиција се избрани да настапат со оркестарот на Филхармонијата.

Ќе настапат: Ангел Спировски – оркестарско диригирање; Артемида Ќари – пијано; Илза Бафтиари – виола; Ивана Јанаќиева – пијано; Антонио Весковски – удирачки инструменти; Никола Мицевски – кларинет; Благоја Василевски – хорна; Александра Чуруковска – контрабас; Стефан Неделковски – саксофон и Филип Каревски – фагот.

Концертот е традиционален и е последен од програмата за оваа концертна сезона на Македонската филхармонија, која најави уште еден концерт на отворено, како и гостување на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“.