Жителите на Rochester со најдобар поглед на снимањето на новиот филм за Spider – Man

Изминатата неделa започна снимањето на The Amazing Spider – Man 2. Неколку маала во New York веќе со денови се затворени поради комплицираните сцени, а последното снимање во Rochester, New York ги натера љубителите на Марвел стриповите да си фатат први редови и предвреме да откријат делови од новиот филм.

Во новото продолжение (2014), Питер Паркер (Andrew Garfield), заклучува дека неговиот живот е доста зафатен – помеѓу борбата со криминалот и лошите момци, како Spider-Man и поминатото време со својата сакана, Гвен (Emma Stone), матурата и крајот на средно училиште не можеше да дојде побргу. Питер Паркер го нема заборавено ветувањето кое го даде на татко на Гвен. Тој вети дека ќе ја заштити со тоа што ќе ја заборави – но тоа е ветување кое тој едноставно не може да го исполни. Работите ќе се сменат за Питер,  кога се појавува еден нов негативец, Електро (Jamie Foxx), а се враќа и еден стра пријател, Хари Озборн (Dane DeHaan), со што Питер открива нови работи за своето минато.

20130505_103142 20130505_102737 20130505_102727
20130505_102706
20130505_102459

 

Фотографии: Радио МОФ