Женски марш се одржа дури и на Антарктикот

На 21 јануари, ден после инаугурацијата на Доналд Трамп, жените низ целиот свет маршираа на феминистички протест за да го одбележат првиот ден од неговото претседателство.

Освен во поголемите градови во САД, маршови се одржаа и во другите континенти во светот, па дури и на Антарктикот.

„Маршот“ бил организиран од Линда Зунас, 42, аналитичар на податоци и експерт за истражувања на пазарот од Окленд, Калифорнија.

„Го организирав бидејќи сакав да учествувам во Женскиот марш. Поминав еден месец после изборите, оплакувајќи ја штетата која ќе ѝ се нанесе на Земјата. Се почувствував како да имам потреба да направам нешто што ќе биде дел од глобалното движење“.

Таа објаснува и дека поради чувствителната природа, самиот марш бил ограничен.

„Марширањето траеше кратко бидејќи мораме да го ограничиме чекорењето на земја“, објаснува, додавајќи дека протестот не е сосема политички, туку марш за мир и екологија.