Жена ги посети сите земји во светот за 18 месеци

Дваесет и седумгодишната Касандра де Пекол од Конектикат сруши Гинисов рекорд за посетување на сите земји во светот, во најкраток временски период – за 18 месеци.

Таа постави и други рекорди – стана првата жена која ги обиколи сите земји, а и најмлад граѓанин на САД кој успеал во оваа мисија.

Де Пекол на своето патување околу светот тргнала на 24 јули 2015 година, а го завршила својот амбициозен проект на 2 февруари годинава. Своето патување го документирала на социјалните мрежи, под името „Expedition196“.

Претходно била вработена во корпорација, а дала отказ во 2012 година. Сега се опишува себеси како „светски патник, истражувач, еколошки активист, активист за мир и права на жените, едукатор, атлета и претприемач“.

Го финансирала своето патување преку донации и заштеди, а ја чинело околу 188 илјади евра.

Catching a glimpse of this amazing view of #LakeOhrid in #Macedonia this morning 🌲 • • • #Expedition196 #PeaceThroughTourism

A post shared by Cassie De Pecol | Official (@expedition_196) on

„Нејзиниот сон од средно училиште беше да ја види секоја држава на Земјата, а сѐ до нејзиниот 25-ти роднеден не сфати дека нејзиниот долгогодишен сон е пред неа, и само чека да направи потег“, објаснува веб страницата Expedition 196.

„Немаше подобро време да ја постигне својата цел. Затоа помина еден месец потејќи се пред картата на светот, планирајќи го својот распоред за тоа што еден ден стана Експедицијата 196“.

Во текот на своето патување, Де Пекол снимала документарец, работејќи како амбасадор на Интернационалниот институт за мир преку туризам, а на универзитети држела предавања за самоодржлив туризам.

Штедела пари преку бесплатно сместување во луксузни еколошки хотели, во замена за промоција на хотелите на Инстаграм, пред нејзините 300 илјади следбеници.

[Галерија] 27-годишна девојка ќе стане првата жена што ги посетила сите држави на светот

Во секоја држава поминала само два до пет дена, а најголем дел од минатата година го поминала на пат. Секаде била сама.

„Бев малтретирана и често во лоша состојба. Маж во истата ситуација не би го доживеал тоа“, изјавила.

„Некои сакаат да веруваат дека можат да ме искористат бидејќи сум жена, мислејќи дека сум полесна за убедување или дека ќе дадам повеќе пари за нешто, но не толерирам таква нееднаквост повеќе“, додава.