Здравје пред профитот во Центар: Стоп за паркирање на тротоар

Сликата на градот е рефлексија на состојбата на едно општество, а Скопје е град кој не овозможува елементарни услови за движење. И многу поголеми градови, одамна го имаат решено овој проблем, велат од иницијативата-платформа „Здравје пред профитот во Центар“, од каде презентираат фотографии и бараат „Стоп“ за паркирањето на тротоар во скопската општина Центар.

„Кога се шетате по улиците на европските метрополи, јавниот простор е слободен и континуиран, паркирањето е уредено на строго означени позиции паралелно на коловозот, а терасите на локалите се соодветно регулирани. Таков град сакаме и бараме! Бараме подобар јавен транспорт, дестимулирање на користењето автомобили и подобра пешачка и велосипедска инфраструктура“, соопштува иницијативата преку Фејсбук.

Од таму бараат општината да го препознае овој проблем и да го постави како еден од приоритетите за развој на Центар.

За овој проблем со паркирањето на тротоари има и петиција.