Затворска казна за Ли Џае-јонг, потпретседателот на „Самсунг“

Судот во Јужна Кореја го осуди милијардерот и потпретседател на „Самсунг”, Ли Џае-јонг, на пет години затвор за корупција.

Ли беше обвинет за поткуп во скандалот поради кој се случи отповикувањето на поранешниот претседател на Јужна Кореја.

Случајот и стана познат на јавноста поради растечкиот гнев против најголемите компании во Јужна Кореја, познати како чаеболи.

Ли, кој ги негираше сите обвиненија, се соочуваше со затворска казна до 12 години.

Познат и како Џеј Ли, шефот на најголемиот производител на паметни телефони во светот, беше уапсен од февруари поради низа обвиненија за корупција. Тие вклучуваат поткуп, проневера и криење на средства во странство.

Тој беше обвинет за давање донации во вредност од 36 милиони долари на непрофитни фондации со кои управува Чои Сион-Сил, пријател на поранешниот претседател на Јужна Кореја, Парк Геун-хо, за возврат за политички услуги.