Започнува Европското универзитетско дебатно првенство во Атина

Од денеска, па до 10-ти август во Атина се одржува 21. издание на Европското универзитетско дебатно првенство. Овој настан важи за еден од најголемите и престижни дебатни турнири на континентот.

Од скромни 32 тимови на почетоците на првенството, годинава учествуваат повеќе од 220 тимови составени од студенти од универзитетите низ Европа.

Во наредните седум дена тие ќе дебатираат едни против други во форматот Британска Парламентарна дебата. Тезите на кои дебатираат учесниците се општествено актуелни.

Радио МОФ преку својот Јутјуб канал ќе обезбеди директен видео пренос од европското дебатно првенство.