Започна пријавувањето за 19 издание на Скопски маратон

Најголемата атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, кој ќе се одржи на 01 октомври го отвори пријавувањето за своето 19 издание.

Учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка- ЕУ со тебе и 5км трка, кои со години се дел од оваа спортска манифестација.

Рокот за пријавување е поделен во три бранови: првиот рок за пријавување на маратон, полумаратон и штафетниот маратон е до 15 мај, вториот рок трае до 25 јули за пријави на маратон, полумаратон, штафетниот маратон и трката на 5км, додека третиот и финален рок е 20 септември. Учесниците на маратонот и полумаратонот при регистрирањето ќе треба да одберат таргет време за кое планираат да ја завршат трката, со цел да се распоредат во соодветниот стартен бокс.

Маратонот е сертифициран од страна на АИМС и Светска Атлетика. Маратонската трка е дел квалификациските трки за Светското првенство во старосни категории под капата на „ABBOTT WORLD MARATHON MAJORS“, со што можат да се освојуваат поени за рангирање во соодветните возрасни категории, а најдобрите во светот можат да обезбедат учество на светското првенство во возрасни категории кое ќе се одржи во Чикаго оваа година.

Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК Работнички, додека покровители на трката се Град Скопје, Делегација на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.

За подетални информации во врска со трката може да се најде на официјалната веб страна на трката: skopskimaraton.com.mk, како и нивните официјални страни на социјални медиуми: www.facebook.com/skopskimaraton и www.instagram.com/skopjemarathon/.